spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Се промовира меѓународно и тоа има ефект

Крушево: Се промовира меѓународно и тоа има ефект

 

Општина Крушево се најде во најновото издание на „Бизнис адресар на Северна Македонија 2020/2021“ каде што на 6 страници се опишани бизнис можностите, туристичките потенцијали и инвестициите на општина Крушево во инфраструктура.

Веќе неколку години по ред општина Крушево е дел од ова издание кое е достапно не само во државата, туку и во дипломатските преставништва на Северна Македонија во Европа и Светот.

„Постојаната промоција на бизнис можностите и работата на изградба на инфраструктура веќе вродуваат со плод. Најавивме една инвестиција од 5 милиони евра, а претходно уште една парцела од индустриската зона „Опаленик“ беше закупена. Продолжуваме со работа на патишта, водоводи, канализации и промоција за да привлечеме нови инвестиции.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Презентацијата за општина Крушево можете да ја погледнете и „онлајн“ на следниот линк.

 

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...