Рангирањето кое го направија Бизнис Мрежа и порталот Пари за најголемите 100 компании во Македонија брои и една компанија од општина Валандово.
Со 349 вработени и раст од 2.6% споредбено со 2019 година, Конфекцијата Конигтон ДООЕЛ се најде на 98. место меѓу компаниит со најмногу вработени во 2020 година во Македонија.
Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
Извор: Општина Валандово