Гевгелиската публика викендот имаше можност да романтичари под потвореното небо над градскиот парк кај Железничка со музичкиот перформанс на браќата Стојанови.
Во една прекрасна атмосфера, со магичните звуци од пијано и виолина, вкусување вино, уживање во пријатното време и разговор, гевгеличани го доживеajа првиот романтичен пикник во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.
Голтки од инструменталки од домашна и странска музика со голтки од сортните вина што ги служеше „Бариста“, беа на менито од „Романтичен пикник под ѕвездите“. А, фенерите со свеќи и чергите со перничиња на земјата допринесоа гевгеличани да избегаат од секојдневието, релаксирајќи се со своите деца, роднини и пријатели, на локација којашто се потврди како одлична за вакви настани. Имајќи предвид дека градскиот парк кај Железничка ги исполнува условите исто како и еден современ кафе-бар со игротека за деца.
И, се потврди тезата на Домот на култура дека ова е настанот што ја одбележа годината. Затоа што бројот на посетители и нивната насмевка на лицето докажа дека на Гевгелија и се потребни вакви настани на отворено.
Извор: Општина Гевгелија