spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМакедонски Брод: Девина Кула

Македонски Брод: Девина Кула

Во легендата за Крали Марко, се вели дека тој имал четири сестри Дева, Пешта, Кита и Ѕвезда. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења .

Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб. Пеша, пак другата сестра на јунакот, живеела во големата пештера на другиот рид, преку патот, којашто се гледа од кулите. Кита, живеела во Кичево. Кичево го носи името по Кита.

Најмалата сестра Ѕвезда, живеела во Гостивар.Дева и Кита никогаш не се омажиле. Турците велеле , Кита била убава, ама Дева уште поубава. Во околината на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка, сестра на јунакот Крале Марко. Длабоко во карпата, вгнездена е можеби една од најголемите пештери – пештерата Пешна, наречена по една од сестрите на Крале Марко.

 

На реката Треска, во Поречкиот басен може да се забележи грандиозниот влез на пештерата Пешна, која е прогласена за споменик на природата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Внатре во пештерата е откриено дека на 200 метри под земјата има езерце со живи риби, што е атракција за посетителите. Нејзиниот дворец бил изѕидан токму овде, додека другата тврдина, наречена Девини кули, бил дворецот на другата сестра на Крале Марко, Дева.

 

Од таа огромна тврдина е останат само мал дел. Ѕидините се два метра, што укажува дека станувало збор за огромна градба. Затоа дека на просторот подолу од Пешна се живеело интензивно, од XIV до XIX век, говорат остатоците. Порече, се граничи на исток, преку планината Јакупица, со Велешко и Скопската Котлина, на север со Тетово и Гостивар, на запад со Кичево и на југ со Крушево и Прилеп.

 

Девич е типично планинско село, каде што основа на некогашниот животот на населението било одгледувањето добиток (овци и кози). Порече е поврзано со новото вештачко езеро „Козјак”, преку кое ќе се добие нов импулс за развој и можност за туристичко заживување. Во својата досегашна изолираност жителите успеале да зачуваат многу од традиционалните културни вредности, а заради неразвиената индустрија во овој предел е зачувана здравата природна околина.

 

Тоа отвора можности за развој на културниот и еколошкиот и органски туризам. Покрај доживувањата на Девини кули, посетителите имаат на располагање и велосипедска патека, пешачка патека, риболов, посета на населените места: Македонски Брод, Девич, Белица и Самоков. Културно-историско наследство: * Тесниот карпест гребен „Девини Кули” 13—14в. со градот Девич, * Месноста „Кале зад дабјата, Миткороен”, * месноста „Кале на Столоватец”. * Град Растеш, * вулкански куп „Кула”, * Високата стража на Кула, * Здуње, Месноста „Градец”, * Ижиште. * Вулканскиот куп „Кале”, * ритче „Венец” крепост од 6. век со предѕид и 9 кули; * Висока стража на Кале од 10в, * град Иж, Град Модриче, * рид „Марково Кале”. Крепост на Марково Кале.

 

Под денешното село, кај црквата на Пречиста, според кажувањата лежат остатоците на o Модричкиот манастир од 14.в, o Модричката тврдина. o Локалитет Пешна, o гробница, од 5 век, o тврдина од 5 век на влезот од пештерата Пешна, o остатоци од 13 воденици, o остатоци од 3 цркви, леарница за железо. o Белица, рудничка крепост и збег. Палеолитски камени и коскени артефакти кај Голема Пешт укажуваат на присуство на неандерталци. Во Овчарска пештера се пронајдени коски, керамички материјал и разни орудија со непознат временки период.

 

На теренот има многу траги од карпеста уметност. Што друго ќе ве воодушеви овде… Природно наследство: Во Поречкиот басен, пештера Горна Слатинска (р.бр.101 од 1953 г.), Белешничка река споменик на природата, Слатински извор од 2004 г. е на Привремена листа на светско природно наследство. + Извори: Асаноец, Пешна, Девички ливаѓе, Слатински Извор, Крапски извори. + Спеологија, рекреативна намена: вежбовни активности, спеолози почетници, алпинистички техники. Пештери: Ѕингало, Над црква, Девина пештера, Занда, Пешна, Леандра, Кротеничка Пропаст, Бијеш, Крапски понор, Змејовица, Слатинска, Овчарска, Пурало, Слатински Извор. + Реки: Треска, Девичка река, Слатинска река, Сланска река, Река Крапа, Белешничка река. + Минерални солени извори: една на Сланска река и во селото Слатина два каптажи. + Активности oколу селото: (берба, собирање…): Тутун, Овошје, Лековити билки, Шумски растенија, Печурки, Плодови од домашна бавча. + Производи: (можат да се купат): јаце од ној, зимница, слатко, сирење, + Домашни специјалитети: Сирење, Ноеви јајца, Домашни јадења и разни типови на пити. До Девич се пристигнува преку Македонски Брод.

 

Патот Скопје–Тетово–Гостивар-Кичево-Македонски Брод-Девич е долг околу 160 км. Патот Скопје–Велес–Прилеп-Девич е долг околу 200 км. и е во добра состојба. Момите доаѓале во Девич по убави мажи Жените во Девич се задолжени да се грижат за добитокот и за земјоделството, а мажите сред село во единствената продавница да играат карти. Најубавите мажи потекнуваат од Девич, по тоа биле прочуени мажите од Девич. Девојките од сите околни села доаѓаа на корзо во Девич да ги гледаат убавите мажи, а било и желба на секоја девојка да се омажи за убав девичанец. По легендата за најубавата сестра на Крали марко, Дева, кулите биле наречени Девичини кули, а од таму и селото го добило името Девич. Пештерата по неа го добила името Пештна. Таму во минатото постоела цела населба, на ридот, од врвот каде што е кулата се до долу каде што покрај реката Треска се нивите со пченка и со тутун имало скали.

 

Кај последната скала некогаш постоела чешма на која се миела Дева, а веднаш до неа било скриено азното, златото на Крали Марко кое го чувало некое животно. До Девичини кули се стигнува по земјен пат од селото Девич покрај течението на реката Треска. Прво се поминува покрај убави зелени тревници и стари добро зачувани куќи. Откако ќе се излезе од селото, почнуваат нивите посадени со тутун и пченка, а после нив започнува височинка која мора да се изоди пеш за да се дојде до тврдината. Од врвот на ридот каде што се Девичини кули како на дланка се гледа и селото и рамното поле покрај реката и живописните ридови од другата страна на патот. Во Девич се прераскажува и уште една легенда за Девичини кули. Според неа, во нив живеел Драгоман, чичкото на Крали Марко. Еден ден кај него дошло на поседок некое девојче. Кај чичко си на гости дошол и јунакот Крали Марко, па кога видел колку е убаво девојчето го таксал за жена.

 

Но налетале Турците и го грабнале убавото моме. Никој не знаел каде исчезнало девојчето, па нејзиниот татко, Крали Марко и чичко му Драгоман го бареле по течението на реката Треска викајќи “Дево девице, јави се каде си” и така кулите над реката го добиле името Девичини, а подоцна и селото по нив било наречено Девич. Селото и сега живее како во легендите. Мештаните велат дека во Девич имало и подобри времиња, но и дека сега не се живее лошо. Многумина што си заминале од Девич, почнале пак да се враќаат на селскиот живот. “Ако не цела година, пролетта и летото ги поминуваат во селото на чист воздух во прекрасна природа. Раздвижено е. Има луѓе.

 

Има околу 80 жители кои постојано се овде, и пет деца кои со комбе одат на училиште во Македонски Брод оти нашето одамна е затворено. Но не е како во педесеттите кога селото беше полно и весело- велат жителите на Девич. ПОВРАТНИЦИ ОД ДАНСКА ОВДЕ ЗАПОЧНАА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ На ѓомлезе,домашни кобасици од ноево месо и кајгана од ноево јајце може да се намине во куќата на Мирјана и Васо Аврамовски кои се домаќините каде може да се престојува и јаде во поречкото село Девич. Нивната куќа е отворена за сите посетители – намерници што сакаат да уживаат во предностите што ги носи селскиот туризам.

 

 

 

Извор: Општина Македонски Брод

Прочитајте