spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ЗМ Оџаклиеска во посета на опожарените земјоделски површини и пасишта во...

МЖСПП: ЗМ Оџаклиеска во посета на опожарените земјоделски површини и пасишта во Кумановско

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска во текот на вчерашниот ден беше во теренска посета на опожарените земјоделски површини и пасишта во Кумановско, со претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за животна средина.

На средбата се разговараше за потребата од зачестена, координирана и навремена активност помеѓу сите надлежни институции, вклучувајќи ги и единиците на локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи, со цел овие појави да се минимизираат и да се стават под контрола во иднина.

Заменик министерката Оџаклиеска во таа прилика истакна дека опожарувањето на земјоделските површини и пасишта, има силни негативни реперкусии врз животната средина. Тоа, според неа, предизвикува нарушување на природната рамнотежа во екосистемите, емисија на загадувачки материи во воздухот, како и долготрајно спречување на понатамошно користење на земјиштето за примарната намена, производство на земјоделски култури или напасување на животните.

Во теренската посета во Куманово, освен Оџаклиеска, беа и директорот на инспекторатот за земјоделство, Зоран Шапуриќ и директорот на државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте