,,Бутелските Џивџанчиња” ја распеаа Општината. Фестивалот на детски песни ,,Бутелски Џивџанчиња” , ги собра сите љубители на детската песна и џагор.
Во прекрасна атмосфера во спортската сала ,,Антон Димитров” сите присутни уживаа во перформансот на малите артисти. Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, на сите учесници и организатори им подари благодарници за нивниот придонес во организацијата на овој фестивал за прв пат во нашата општина.
Музичкиот настан беше спроведен согласно со сите протоколи за заштита од Ковид 19. Со нетрпение го очекуваме второто издание на ,,Бутелски Џивџанчиња” следната година.
Извор: Општина Бутел