Градоначалникот Александар Наумоски беше во работна постена на село Никиштани каде во моментов се изведуваат завршните работи за поставување на новото ЛЕД осветлување.
Во завршната фаза се монтираат уште 50-тина светилки, со што се зголемува видливоста и безбедноста на жителите.
Никиштани добива уште една зона за најмладите. Изведено е ново детско игралиште на средсело.
Наумоски оставри и средба со локалното население а го посети и подрачното училиште ,,Јоаким Крчоски“ каде се изведени градежни работи за проширување на паркинг просторот пред училиштето. Извршена е комплетна сакација на детското и спортско игралиште, поставена е пристапна рампа пред влезот на објектот а ќе се изведе и пристапна патека за учениците со физичка попречност.
Извор: Општина Ѓорче Петров