spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на...

МЗШВ: Дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на кој секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, во просториите на МЗШВ, одржа состанок со оризопроизводителитe.

Договорено е дека откупувачите ќе ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти. Скоро сите откупувачи, до МЗШВ имаат доставено ценовник согласно овие цени, со ветување дека нема да одат под договореното. Министерот Хоџа им вети  на оризопроизводителите дека од следната недела кога и откупот ќе биде поинтензивен, лично ќе излезе на терен и ќе ја следи состојбата, дали се почитуваат договорените откупни цени.

Како дополнителна помош, од Ковид програмата на Владата, издвоени се три денари за оризопроизводителите. Овие средства ќе бидат исплатени до 25. декември оваа година. Дополнително во текот на месецов ќе биде донесена одлука дали исплатата на трите денари ќе биде по килограм предадена оризова арпа или по обработлива површина. Одлуката ќе зависи од текот на откупот а е со цел да го заштитиме оризопроизводството на начин кој ќе биде најсоодветен и најмногу во интерес на земјоделците.

На средбата се раговараше и за изнаоѓање на нови пазари како што е турскиот, кој минатата година пројави интерес да откупува наш ориз. Сите опции се отворени, МЗШВ веќе работи на многу стратегии. Министерот Хоџа изјави дека дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на кој секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...