spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Успешно спроведување на новиот концепт на отпадот бара доследна селекција, рециклирање,...

МЖСПП: Успешно спроведување на новиот концепт на отпадот бара доследна селекција, рециклирање, реупотреба и преработка пред негово депонирање

„Денес и Тетово се приклучува на градовите кои имаат повратни вендинг машини од кадешто амбалажниот отпад, низ процесот на рециклирање ќе може да се искористи како секундарна суровина и ќе добие нова употребна вредност” – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната презентација на првата повратна вендинг машина на Пакомак на територијата на Општина Тетово, која е поставена во Веро Супермаркети. На настанот беше покажано како работат машините и како функционира системот со „зелени поени“. Добиените „зелени поени“ засега може да се искористат за купување производи од Веро, а во иднина и за плаќање на општински и јавни услуги.

Министерот Нуредини рече дека со ваквите машини секој граѓанин може да го одложи отпадот и додека пазарува и лесно се применува системот на кауција, со што се стимулира поеколошко пакување и задолжителен поврат на амбалажата, а граѓаните добиваат финансиски поттик за одговорното однесување.

„Нема подобар начин да се претстави обезбедувањето на услови и директна имплементација на новиот пакет закони за управување со отпадот, што ги изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, а ги усвои Собранието. Тие се во функција на зелената трансформација на економскиот систем и воведувањето на принципот на циркуларна економија, а селекцијата, рециклирањето, реупотребата и преработката на отпадот пред негово депонирање станува обврска за сите. Со тоа промовираме одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и иновација на технолошките процеси” – додаде министерот Нуредини.

Најавувајќи поставување на вендинг машини и во другите градови во државата Нуредини посочи дека во претстојниот период ќе се постават до 50 собирни садови за селекција на отпадот во државните институции, со цел органите на власта и државните службеници да бидат пример како соодветно се имплементираат новите закони и како правилно се одложува отпадот.

На настанот присуствуваа и генералниот директор на Пакомак, Филип Ивановски и директорот на Веро Супермаркети, Петар Денковски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...