spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНационалната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025

Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025

На 29 јуни 2021 година, Владата ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025 како клучен стратешки документ на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција. НПАА ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до нашето членство во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи.

Оваа ревизија на НПАА не е стандардна и битно се разликува од сите претходни верзии:

  • прво, заради тоа што во март 2020 година земјите членки на Европската Унија донесоа Одлука за почеток на пристапните преговори, со што очекувањата се дека земјата ќе биде поамбициозна во динамиката, но и ќе носи подобри стратешки дефинирани цели;
  • второ, заради тоа што процесот во иднина ќе се движи според правилата на Новата методологија за зајакнати пристапни преговори со посилна политичка одговорност и значително зголемен интерес од страна на земјите членки;
  • и трето, заради тоа што ова е прв пат НПАА да биде целосно преструктуирана според новата кластерска структура.

Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025

Анекс 0: Матрица на цели и активности (по поглавја);
Анекс 1: Преглед на национални правни акти кои се усогласуваат со правото на ЕУ (по поглавја);
Анекс 3: Буџетски проекции (индикативни 2020/2021-2024);
Анекс 4а: ИПА и друга странска помош;
Анекс 4б: TAIEX техничка помош.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...