spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Комплетно го ревидираме Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во...

МТСП: Комплетно го ревидираме Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вчера одржа online состанок на кој се разговараше за унапредување и подобрување на исхраната на децата во градинките. На состанокот присуствуваа претставници на Данската администрација за ветеринарство и храна, претставници на Ново Нордиск, претставници на УНИЦЕФ и сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

 

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а во насока на правилен раст и развој кај децата, започнат е процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките. Овој процес се одвива во соработка со компанијата Ново Нордиск, а истиот е поддржан од УНИЦЕФ.

Целта на денешниот состанок беше Данската администрација да го сподели своето искуство и водичот за поздрава храна во градинките (Guide til sundere mad i daginstitutionen) кој е направен врз основа на Официјалните упатства за исхрана – добро за здравјето и климата (The Official Dietary Guidelines – good for health and climate), а благодарение на Ново Нордиск, водичот е достапен на македонски јазик.

 

„Во процесот на ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките  вклучени се експерти, секој во својата област и придонесот што ќе го дадат во овој дел  верувам дека ќе биде од големо значење. Правилната исхрана на децата во градинките, создавањето на здрави навики уште од најмала возраст е од исклучително значење за понатамошниот здрав и правилен раст и развој кај децата“, рече министерката Шахпаска.

Покрај ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките, но и во секојдневнoто живеење.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...