spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Стратегијата за интелегентни транспортни системи

МТВ: Стратегијата за интелегентни транспортни системи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се обрати на третата меѓународна конференција „Транспорт во денешното општество“ во организација на Техничкиот факултет во Битола.

Во своето обраќање министерот го потенцираше значењето на развојот на транспортниот сектор во државата и прифаќањето на нови трендови во транспортот како брз одговор на глобалните потреби.

„Современите трендови во овој сектор бараат нови иновативни решенија посебно сега кога целиот свет се опоравува и од глобалната пандемиска криза. Ова се теми на кои треба да посветиме поголемо внимание,  вие како стручна јавност и ние како политичари и заеднички да иницираме нови насоки во развој на транспортните политики во земјава.

Токму во таа насока се движиме во реализација на нашите програмски цели и активности, да ја осигураме економската оддржливост во развој,  управување и одржување на транспортните системи во земјава.

Владата, односно Министреството за транспорт и врски за остварување на своите програмски цели во транспортниот сектор црпи програми од Националната транспортна стратегија 2018-2030 година.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Тој потенцираше дека во овој момент посебен фокус се дава на изработка на проект на интелигентен транспортен систем со кој ќе се подобрат перформансите и ефикасноста на транспортот, а ќе придонесе и кон подобра искористеност на постоечката инфраструктура на Коридорот 10.

Исто така го најави и формирањето на извршно тело во форма на Агенција за безбедноста на патиштата, која ќе работи за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во земјава.

Во однос на Коридорот 10, министерот Бочварски најави силни активности за изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, ново автопатско решение од Прилеп кон Битола и изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија.

Меѓународната конференција е во рамки на јубилејот од 60 години постоење на Техничкиот факултет Битола.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МСПДМ: Сабриу – Успешноста на процесите на ресоцијализација и реинтеграција се...

0
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на стручна расправа за процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на...