spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПосетата на Варвициотис сигнал на грчката поддршка за нашите евроинтеграции, но и...

Посетата на Варвициотис сигнал на грчката поддршка за нашите евроинтеграции, но и зајакнување на билатералната соработка

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, вчера беше домаќин на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, во рамките на неговата работна посета на Скопје.

Вицепремиерот Димитров се осврна на интензивираната соработка меѓу Северна Македонија и Грција во повеќе области, но и стратешкото партнерство за постигнување на цели од заемен интерес, вклучително и отворање на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Димитров: „Имавме отворена, срдечна пријателска средба како што и доликува на новото поглавје на односите помеѓу Грција и Северна Македонија по Преспанскиот договор.

Разговаравме пред сè за европската иднина на Балканот. Оваа посета меѓудругото за мене е сигнал на грчката поддршка, таа ја гледаме и во Брисел, таа ја видовме и на Самитот во Брдо и таа ја гледаме и во јавни изјави на премиерот Мицотакис и во Вашите изјави.

Разговаравме и врз основа на Меморандумот за разбирање што веќе го имаме со Грција за забрзување на процесот на евроинтегративните процеси за Република Северна Македонија. За тоа како да имаме поголема соработка меѓу нашите институции и Вашите институции во оваа смисла, и мислам дека имавме еден плоден разговор, што по неколку други средби кои ќе ги има нашиот важен гостин денес ќе продолжиме да ги разговараме во вечерните часови.“

Од грчка страна, министерот Варвициотис го потврди ставот дека е крајно време за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ и дека наметнатите пречки се неприфатливи за Грција. За нас, европската перспектива на Западниот Балкан е национална политика која ја спроведуваме скоро две децении. Сметаме дека чекорите во оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Сметаме дека веднаш треба да се свика меѓувладината седница за двете земји Албанија и Северна Македонија. Независно од тоа, од прашањето за меѓувладината седница, како што кажав Грција го поддржува веднаш и брзо да биде свикана, европското внимание во ова соседство треба да се зголемува. Во дискусијата што ја имавме претходно, разгледавме начини како Грција ќе даде техничко знаење за процесот на интеграција на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Подготвени сме да учествуваме во сите аспекти на европската политика, но подготвени сме и да ги поддржиме нашите економски соработки во духот на пријателството и меѓусебното разбирање и пријателските односи.“- рече Варвициотис.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

 

 

Прочитајте

МСПДМ: Велковски – Борбата против трговијата со луѓе мора да ни...

0
Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот...