Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, се одржа средба меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија Патриција Ди Џовани.
Главниот фокус на средбата беше разгледување на аспектите од досегашната и идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, а една од темите беа тековните и претстојните активности во врска со Проектот финансиран од Канцеларијата на Европската Делегација и УНИЦЕФ „Правда за децата“, во функција на заштитата и унапредувањето на интересите на децата, за чија реализација беше изразено уверување и поддршка од страна на министерот Спасовски .