spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСредба со работодавач за вработување на РАБОТНИЧКИТЕ од Свети Николе

Средба со работодавач за вработување на РАБОТНИЧКИТЕ од Свети Николе

Сојузот на синдикатите на Македонија обезбеди средба помеѓу работодавачот Ројал Колар од Свети Николе и работничките од градот кои не по нивна вина ги изгубија работните места поради истекување на Договорите за вработување на определено време и технолошки вишок.

За поздравување е подадената рака од страна на работодавачот кој изрази добра волја да ангажира голем дел од работничките кои побараа помош од ССМ и присуствуваа на средбите, а кои беа организирани со поддршка на Градоначалникот на Општина Свети Николе, Велковски и Владата преку советникот за труд и социјална политика, Живковиќ.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски на средбата на работничките им укажа дека ССМ води грижа за сите работници подеднакво и дека поради таа причина разговара со работодавачите да во најскоро време повторно ги вработат работниците кои поради други не совесни работодавачи, во време на пандемија ги загубиле своите работни места, а за што веќе е обезбедена и финансиска поддршка преку активните мерки која ќе се реализира преку Агенцијата за вработување уште од наредниот месец.

Службите на ССМ подготвија и терк на Договор за вработување на неопределено време кој ќе послужи на работодавачит и на работниците за при склучувањето на новите договори за вработување .

Во најскоро време сите работници кај работодавачот синдикално ќе се организираат, а очекуваме што поголем број на работодавачи да го следат примерот, поради тоа што не се сите работодавачи исти.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...