spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Членка на Асоцијацијата на Служби за обезбедување лица

МВР: Членка на Асоцијацијата на Служби за обезбедување лица

Високи претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, и тоа помошник министерот за ЕУ и меѓународна соработка Муамет Реџепи и началникот на Секторот во Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност Зоран Нешкоски, во периодот од 17 до 20 октомври 2021 година, учествуваат на 17. Конференција на Асоцијацијата на Служби за обезбедување лица во Кашкаиш, Португалија, чиј актуелен претседавач е Сојузна Република Германија.

Во текот на вчерашниот ден од Конференцијата, началникот Нешкоски одржа презентација за поставеноста, структурата, надлежностите, предизвиците и потребите за развој на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Во рамки на оваа конференција, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, по едногласно одобрување од страна на присутните 38 земји, стана рамноправна членка во оваа Асоцијација.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...