Основното училиште ООУ„Ванчо Прке“, Делчево, е едно од училиштата во нашата земја кое ја реализира училишната обука и се вклучи во проектните активности на „Училишта на 21 век“, од Британскиот совет – меѓународна организација од Обединетото Кралство – British Council, со цел подобрување на практиките во училницата .
Во рамките на проектот и на почетокот од новата учебна година беа формирани тимови од стручните активи по наставните предмети, каде што учениците беа запознати со обуките на наставниот кадар и со начинот на користење уреди „Микро: бит“, а и им беа презентирани модели на користење разни техники за програмирање и истражување. Учениците оваа нова информатичка технологија ја прифатија со голем интерес со што и самите дадоа свои идеи за формирање клуб за микробит -истражување.
Инаку, првата обука за наставниот кадар се реализираше во текот на месецот август, обуката беше реализирана со алатката микробит (програмирање и кодирање).
Целта на обуката е самостојно критичко мислење и размислување кое создава нови и иновативни идеи за критичко размислување по разни наставни предмети и теми кои кај учениците ќе поттикнат многу техники за истражување и вештини за решавање на нерутински проблеми.
British Council – Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности, која во соработка со Министерството за образование и наука има за цел да ги зајакне вештините за критичко размислување и решавање на проблеми во образовните институции .
Проектот „Училиште на 21 век“ се реализира во повеќе од 100 земји и секојдневно остварува меѓународни можности и ги решава проблемите во критичкото мислење и ги упатува учениците во тајните на корирањето и програмирањето. Покрај учењето вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата на возраст од 10-15 години, ќе научат и практични вештини за програмирање и ќе имаат можност да ги практикуваат своите вештини преку микробит уредите за кодирање.
Извор: Општина Делчево