Општина Валандово е осмата општина во државата со највисока стапка на вакцинирани лица над 18 години, покажа извештајот на Центарот за јавно здравје.
Според статистиката 56.7 % од полнолетното население е валцинирано со најмалку една доза на вакцина против Ковид-19.
Досега 5398 жители од општината примиле една доза, додека 5221 се ревакцинирани. Во моментот на изготвување на извештајот бројот на лица кои примиле трета доза во Валандово е 3.
Извор: Општина Валандово