spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Реформите кои ги преземаме во правосудството даваат резултат

МП: Реформите кои ги преземаме во правосудството даваат резултат

Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните. За Владата и Министерството за правда ова е апсолвирано прашање и затоа изминатите години навистина вложивме многу време и енергија во менувањето на сликата за судството, потенцираше министерот кој потсети дека извештаите на Стејт Департментот и последниот на Европската комисија нотираат континуиран напредок во правосудството.

-Денеска, кога се одбележува Европскиот ден на правдата сакам да ви порачам дека Министерството за правда и Владата продолжуваат уште посилно да работата за модернизација на судството, што веќе резултира со зголемена транспарентност и ефикасност.  Дозволете ми да ве потсетам дека само за една година успеавме да ги намалиме судските такси за 8 пати, успешно спроведовме попис, ги дигитализиравме услугите за граѓаните, донесовме нов Закон за заштита на личните податоци со кој се гарантира поголема дигитална безбедност за граѓаните, направивме измени на Кривичниот законик и на тој за граѓанска одговорност, со кои заштитата на новинарите сега е на многу повисоко ниво. Воведовме нови кривични дека како „Демнење“ и „Полово вознемирување“. Започна филтрација во судството и досега 16 судии се разрешени поради пропусти во работењето. Обезбедивме меѓународен мониторинг на судските случаи за висока корупција и организирани криминал. Зголемени се платите на судската полиција. Постигната е договор за етапно зголемување на платите на судиите и судската администрација. Се разговара и со обвинителите. Министерството за правда се отвори за средношколците кои сега тука извршуваат практична работа. Се реконструираат повеќе затвори. Го отворивме Волковија – најмодерниот Воспитно-поправен дом во регионот. Затворската полиција добива нови униформи и ова навистина е само дел од работите кои успеавме да ги направиме за само една години, напиша Маричиќ.

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...