spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Градоначалникот Муцунски заедно со инспекциските служби за животна средина ги мапираше...

Аеродром: Градоначалникот Муцунски заедно со инспекциските служби за животна средина ги мапираше дивите депонии

Денеска Тимчо Муцунски и официјално ја презеде градоначалничката функција во Општина Аеродром. На првиот ден заедно со инспекциските служби за животна средина спроведоа мапирање на дивите депонии во општината.

Прва локација што беше мониторирана е локацијата кај ФФМ, каде што во програмата беше предвиден мегапарк, а во моментов за жал е дива депонија. При инспекцискиот надзор беа затечени неколку камиони од приватни компании што носеа и истураа шут.

„Како што и ветивме во програмата, ние се фаќаме за работа од првиот ден. Денеска бевме во обиколка со инспекциските служби на терен да ги мапираме дивите депонии кои се еден од најгорчливите проблеми за општината. На самото место денеска заедно со инспекциските служби сосема случајно затекнавме два камиона од приватна компанија, кои истураа градежен шут на местото каде што сакаме да креираме парк. Она што сакам да го нагласам е дека инспекциските служби и сите други ќе бидат ослободени од политички или бизнис-притисок. Тие од денеска ќе работат согласно со законите и за граѓаните и добија насока да ги прекинат ваквите девијантни и противзаконски појави што се случуваат во општината. Од денеска, ве уверувам, Аеродром ќе биде општина со нула корупција и дека во Аеродром ќе владеат законите. Аеродром е општината од која ќе почнат промените на владеењето во Македонија, а местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните“, изјави градоначалникот Муцунски.

На ова место, според градоначалникот на Општина Аеродром, е предвидено да има парк од 100 000 м2 со забавни содржини. Според Тимчо Муцунски, Општина Аеродром во наредниот период ќе има редовни контроли на терен заедно со сите служби.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...