Онака како што беше планирано, согласно предвидениот рок, деновиве заврши комплетната реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, во прилепската населба „Сточен пазар“.
На потегот од новиот мост на Градска река до спојот со улицата „Александар Македонски“, покрај новиот асфалт во должина од 400 и широчина од 7 метри, од двете страни на улицата изградени се велосипедски и пешачки патеки со широчина од 2 метра.
Истовремено, реконструиран е и осовремен преминот преку железничката пруга, со што значително е подобрена безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Извршената реконструкција и ставањето во функција на улицата „Трајко Николоски“, во голема мера ќе придонесе за пренасочување на товарниот сообраќај од централното градско подрачје.
Асфалтирањето и изградбата на улицата е согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2021 година, усвоена од Советот на општина Прилеп.
Извор: Општина Прилеп