spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Традиционален словенечки пчеларник - Подарок на институтот за Ориз

Кочани: Традиционален словенечки пчеларник – Подарок на институтот за Ориз

Амбасадата на Република Словенија завчера  му подари традиционален словенечки пчеларник на Земјоделскиот институт при УКИМ. Под мотото „Пријателството е таму каде што се пчелите“, настанот што се случи во единицата Институт за ориз во Кочани го истакна значењето на пчелите во зачувувањето на природата и словенечката поддршка на македонското пчеларство.

– Ја предаваме оваа симболична донација во чест на Светскиот ден на пчелата, кој од декември 2017 година се одбележува по иницијатива на Словенија. Смислата на овој ден не е само да се сврти вниманието кон овие значајни суштества во нашиот секојдневен живот, туку тоа е поттик за дебата за нашето однесување кон планетата – да размислуваме за тоа како да ја јакнеме свеста против климатските промени. Пчеларството може да ги поврзува Словенија и Македонија – истакна во своето обраќање словенечкиот амбасадор Милан Предан.

Боштјан Ноч, претседател на Пчеларската асоцијација на Словенија, ја изрази подготвеноста за пренесување искуства и знаења на македонските пчелари.

– Пчеларството и неговиот развој во Источниот Регион е од особено значење за зачувување на природата и биодиверзитетот. Климатските промени и луѓето ја загрозуваат пчелата, а во пчеларството наоѓаме баланс меѓу човештвото и природата. Поддршката од Словенија ни е посебно значајна, а за нас е многу важна и соработката со науката преку Земјоделскиот институт – истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски изрази подготвеност за сериозна и одговорна мисија за заштита на пчелите и сѐ поголем развој на пчеларството.

– Министерството за земјоделство го препозна значењето на пчеларството и во изминатите четири години, воведе неколку подобрувања кои поволно влијаеја кај пчеларите и стимулираа зголемување на интерсот, особено кај младите земјоделци и кај руралните жени. Со воведувањето на законската рамка за продажба од куќен праг,  пчеларите се стекнаа со можност на легален начин да го продаваат медот и пчелните производи. Внимававме да бидат соодветно стимулирани и оние пчелари кои произведуваат органски мед, а и оние чии кошници со пчели се поставени на повисоките места, во подрачја со ограничени можности – рече Димковски.

Предавањето на традиционалниот словенечки пчеларник се организираше со поддршка од здружението Јадрена група на пчелари „Меден исток“ од Кочани.

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Ѓорче Петров: Празничен Викенд – Магија, Радост и Заедништво

0
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности...