spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Со отворање на граничниот премин Сува Река - Идомени ќе се...

Гевгелија: Со отворање на граничниот премин Сува Река – Идомени ќе се олесни патничкиот сообраќај меѓу пограничните општини

Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, на средбата со гевгелиските стопанственици најави отворање на нов граничен премин на македонско-грчката граница кај Гевгелија.

 

Станува збор за реактивирање на поранешниот премин Сува Река – Идомени за малограничен промет кој функционираше пред пет децении.

Премиерот Заев нагласи дека се работи за реализација на ваквата иницијатива која ќе овозможи растоварување на сообраќајната фрекфенција на патниот граничен премин Богородица – Евзони, особено во летните месеци, но истовремено и олеснување на патничкиот сообраќај меѓу прекуграничните општини.

 

– Со отвoрање на нов граничен премин Сува Река – Идомени, општина Гевгелија потпомогната од Владата на РСМ, ќе ја интензивира меѓуграничната соработка со Грција. Тоа ќе придонесе за полесна комуникација на граѓаните од двете страни на границата, но и огромен промет кој ќе се слева во локалната економија. Затоа и интересот за отворање на еден ваков граничен премин е обостран, истакна претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, пред гевгелиските стопанственици.
 

Иницијативата за реактивирање на граничниот премин кај Сува Река и Идомени е дамнешна, а беше обновена на последните средби на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков и градоначалникот на Пеонија, Костас Симонидис, во Гевгелија и во Поликастро. Притоа, беше нагласено дека со отворање на овој граничен премин само за патнички сообраќај, во прв ред, ќе се намалат колоните возила на преминот Богородица-Евзони во летните месеци.

 

Но, и ќе им се овозможи побрза сообраќајна комуникација на граѓаните од општините Гевгелија и Пеонија, како и пошироко. Затоа и двајцата градоначалници иницијативата формално ја проследија до македонското МНР во Скопје и грчкото МНР во Атина.

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...