spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСред​ба на вицепремиерот Димитров со европратеникот Ројтен

Сред​ба на вицепремиерот Димитров со европратеникот Ројтен

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет  ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава.

На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување и нејзината кредибилност, што особено се отсликува во случајот со Северна Македонија. Вицепремиерот Димитров истакна дека текот на евроинтегративниот процес има големо влијание врз случувањата во земјата и регионот кои се рефлексија и на опаѓањето на довербата во остварливоста на европското ветување.

Димитров: „Кога при исполнети услови и донесена одлука за почеток на преговори нема резултат, тогаш политиката на проширување е со главата надолу: наместо поддршка и зајакнување на трансформацијата и реформите, ефектот е обратен.“

Европратеникот Ројтен ја подвлече неговата лична поддршка, како и заложбата на Европскиот парламент за европското досие на Северна Македонија и регионот, препознавајќи ја неговата важност за иднината на Европа. Тој истакна дека ЕУ мора да направи повеќе за да ја докаже заложбата и ангажманот кон регионот, пред сé преку пристапниот процес на Северна Македонија бидејќи со посветеноста на европската агенда се исполнети сите услови за почеток на пристапни преговори.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...