Во пресрет на Денот на општината 3-ти ноември, се организираат настани за одбележување на 45 годишнината од нејзиното постоење.
Еден од настаните беше и денешниот фудбалски турнир, помеѓу основните училишта во Гази Баба, со што и официјално започнуваат со активности и Училишните спортски лиги, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба.
Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на почетокот на фудбалскиот турнир, каде ги поздрави присутните, потенцирајќи дека спортот е една од најважните активности, извор на здравје и фактор за долговечност. Воедно, тој и официјално ги прогласи за отворени Училишните спортски лиги.
По одигрувањето на фудбалските натпревари, во финалето се сретнаа екипите на ООУ „25 Мај“ и ООУ „Наум Охридски“, по што победник на турнирот беше ООУ „25 Мај“.
Третото место го освои екипата на ООУ „Његош“, а четврта беше екипата на ООУ „Кирил и Методиј“.
Градоначалникот Стефковски на најдобрите им додели пехари.
Извор: Општина Гази Баба