spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот Димитров пристигна во Белград за „Отворен Балкан

Вицепремиерот Димитров пристигна во Белград за „Отворен Балкан

Во име на Владата на Северна Македонија, заменик претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска пристигна во Белград на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”.

При самото пристигнување, Димитров посочи дека регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и неговото учество на овој состанок:

– Јас пред сѐ доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да продолжиме да ја продлабочуваме. Додаваме еден важен сегмент утре – како дигитализацијата може да ни помогне за да ја забрзаме и продлабочиме регионалната соработка.

 

Доаѓам во момент кога како што знаете, во нашата Македонија, во Северна Македонија завршија локални избори, има извесни политички предизвици, а и политичка криза на некој начин.

Важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава, сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија што цел првенствено е европски Балкан.

Предвидени се лидерски средби со претседателот на Србија – Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија – Еди Рама, како и со претставници на компаниите од трите земји кои учествуваат во оваа платформа за унапредување на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

Утре со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција што ќе биде пренесувана во живо на линкот: www.tanjug.rs.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте