Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски и Претседателот на Синдикалната организација при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Зоран Димитријоски, денес одржаа работна средба со Директорката м-р Анета Симеска Димоска на која разговараа за повеќе актуелни прашања.
Главно прашање на кое се разговараше на средбата беше потпишување на Колектиен договор за вработените во ДПИ. Ова би бил прв Колективен договор во Државниот пазарен инскеторат со кој конечно ќе се унапредат правата на вработените во ДПИ имајќи ги во предвид спецификите на работните задачи на овие вработени.
Додатоците и надоместоците на плата исто така беа тема на состанокот, а се покрена и прашањето за признавање на високото образование на оние вработени кои се стекнале за време на работниот однос, и согласно закон, нивното работно место да биде вреднувано и систематизирано според образованието со кое се стекнале.
Директорката Анета Симеска Димоска искажа подготвеност овие прашања, во најбрз можен рок да се решат.
Извор: УПОЗ