Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа работилница на тема на ,,Привлекување на нови членови и нетипични вработувања која се одржа на 05 и 06 ноември во хотел Манaстир во Берово. Со оваа работилница ја продолжуваме активноста започната на работилницата која беше одржана во Струга на тема ,,Стартегија за привлекување на нови членови и нетипични вработувања на која беше презентирана стратегијата за привлекување на нови членови и нетипични вработувања. Целта на оваа работилница е анализа на спроведување на донесената стратегија за привлекување на нови членови и нетипични вработувања и споделување методи и алатки за зголемување на членството и претставување на синдикатот. Предавачи на оваа работилница беа Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, а учесниците беа од сите грански синдикати при КСС. За стратегијата за привлекување на нови членови своја презентација имаше претседателот на КСС, Благоја Ралповски, преку која ги изнесе силните и слабите страни, како и можностите и предизвиците со кои се соочува синдикатот во однос на тоа каде е моментално позициониран и каде треба да биде за да се постигне целта . За темата зошто да се стане член на синдикат и кои се алатките за привлекување на нови членови свое обраќање имаше Претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Меѓу присутните синдикални претставници и синдикални членови се отвори дискусија за правата на работниците кои ги уживаат и нивото на прекршување со кои се соочуваат во различни сектори.
Подобрувањето на активностите кои што треба да ги преземе синдикатот во поглед на привлекување на нови членови се во насока пред се на подобрување на услугите кои ги нуди синдикатот, комуникацијата со постоечкото членство и начинот на претставување на синдикатот и пристапот кон потенцијалните членови.
Работилницата е поддржана од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог , кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.