Фудбалскиот клуб КМФ „Проект” од Јосифово, кој годинава беше државен шампион во мал фудбал и забележа успешен настап на европската фудбалска сцена ја понесе највисоката општинска награда – „6-ти Ноември”, за 2021 година.
Општински признанија за 2021 година ќе бидат доделени на:
Д-р Борислав Калковалиев
репрезентативките Драгана Гегова и Катерина Петкова
Здружение на лозари „МАК ВРАНЕЦ“ – Пирава Валандово
Сојуз на борци – Валандово
ТППЕ – Валандово
ЈП Национални шуми – подружница Саланџак – Валандово
ДЗС – Валандово
️ ФК Младост – Удово
Општинските признанија и награди, имаат за цел да ја покажат вредноста во заедницата, да поттикнуваат на нова и да го постават патоказот за наредните генерации.
Извор: Општина Валандово