Денеска (08.11.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 142 возачи. Од нив, 63 на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.