spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Градоначалникот Стојкоски го испрати Андреј Стојаноски на Светското првенство во...

Ѓорче Петров: Градоначалникот Стојкоски го испрати Андреј Стојаноски на Светското првенство во Полска

Градоначалникот Стојкоски организираше прием за нашиот пливач Андреј Стојановски, кој наскоро ќе замине на СП кое ќе се одржи во Полска.

Андреј Стојаноски е импозантен спортист, со високи резултати во пливањето. Заедно со претседатеката на Советот на општината Ѓорче Петров, Ленче Нелоска се сретнавме пред неговото заминување на СП, кое ќе се одржи во Полска. 27 годишниот Андреј е вицешампион во пливање на СП во Тексас, соборува државни рекорди, има 5 спортски оскари и над 300 награди и медали.

„Чест ми е да дадам скромен допринос на овие врвни резултати, затоа што тоа се успеси на Македонија. Спортот е најголем амбасадор на државата, а Андреј со своите успеси на меѓународната сцена придонесува за вистинска промоција на Ѓорче и Македонија.

Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице“ рече Стојкоски.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте