На терен се градежни екипи кои работат на улицата “Пушкинова”. Општина Кисела Вода, врши реконструкција на оваа фреквентна улица во чија непосредна близина се наоѓа ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.
-Започнавме со гребење на оштетениот асфалт. Потоа тој ќе биде заменет со нов. Ги слушнавме нашите сограѓани кои секојдневно тука минуваат со возилата, движејќи се по дупки и различни оштетувања. Се работи за улица во централното јадро на општината, во близина на основно училиште. Оттука ја зедовме и како приоритетна за реконструкција. Во план ни се и многу други вакви фреквентни сообраќајници-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на почетокот на градежните работи.
Согласно предвидената динамика за работа, целосната реконструкција треба да заврши за 10-тина дена.
Извор: Општина Кисела Вода