spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Коорганизатор на 7-миот регионален состанок на БЕПС Инклузивната рамка

МФ: Коорганизатор на 7-миот регионален состанок на БЕПС Инклузивната рамка

„БЕПС -Инклузивната рамка за земјите од Евроазија ги адресира слабостите на меѓународниот даночен систем, се справува со даночното избегнување и прелевање на профитот, ја подобрува поврзаноста на меѓународните даночни правила и обезбедува поголема транспарентност на даночниот систем“, истакна министерот Фатмир Бесими на 7миот Регионален состанок на БЕПС Инклузивната рамка за земјите од Евроазија, Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

 

 

 

Коорганизатор на овој настан е Министерстерството за финансии, што е признание за напредокот во изминатиот период кој земјата го постигна на полето на меѓународното оданочување.

 

На состанокот учесниците разменија мислења за политиките коишто се дефинирани со БЕПС Инклузивната рамка и импликациите коишто ги имаат врз земјите членки, во насока на обезбедување, целта на даночната политика да биде во линија на законите и реалната економска активност.

 

Воедно како што кажа министерот една од целите на состанокот е дискусија за предизвиците од дигитализацијата на економијата, и работата на инклузивната рамка e да ги адресира овие прашања, како и да се претстави сеопфатен систем за глобална минимална корпоративна даночна стапка.

 

„Во оваа насока, договорот кон којшто се пристапи во месец октомври како концепт што се базира на два столба е чекор напред, но секако се уште има многу работи за да се дефинираат сите детали и да се имплементира Договорот за корпоративна даночна реформа“, рече министерот.

 

На регионалниот состанок учествуваат претставници од даночните администрации, министерствата за финансии oд евроазиските земји, носители на одлуки, како и технички експерти и претставници од ОЕЦД, регионални и други меѓународни организации, како и надворешни засегнати страни од бизнис заедницата, граѓанското општество и академската заедница.

 

 

Учесниците на состанокот имаaт можност да разменат искуства во делот на предизвиците за дигитализација на економијата, а поврзано со минималната стапка за корпоративен данок. Воедно ќе се зборува и за развојот на меѓународните даночни стандарди при следењето на имлементирање на БЕПС проектот, како и за напредокот постигнат во спроведувањето на минималните стандарди на БЕПС и иницијативите за градење зајакнати капацитети.

 

Република Северна Македонија е една од 137те земји кои минатиот месец го постигнаа историскиот договор за корпоративна даночна реформа. Оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании. Со овој договор и земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании.

 

Дополнителни придобивки од оваа реформа ќе произлезат и од стабилизирањето на меѓународниот даночен систем и зголемената даночна сигурност за даночните обврзници и даночните администрации. Со глобалниот минимален данок ќе се стави крај на даночните раеви и ќе се намалат стимулациите за мултинационалните корпорации да го префрлаат профитот од земјите во развој.

 

Процените за економското влијание направени од страна на ОЕЦД покажуваат дека земјите со низок, среден и висок приход ќе остваруваат значителен износ на дополнителни приходи.

 

Договорот е одговор на промените што произлегоа од дигитализацијата и глобализацијата коишто имаа влијание врз економиите и животот на граѓаните и предизвиците што се однесуваа на правилата за оданочување на меѓународните деловни приходи, кои преовладуваа повеќе од сто години, а што резултираше големите мултинационални корпорации да не го плаќаат својот фер удел од данокот и покрај огромниот профит што го остваруваат.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Илинден: Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена...

0
Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период...