spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Косово ќе го користи искуството во реформирање на образовниот систем

МОН: Косово ќе го користи искуството во реформирање на образовниот систем

Министерството за образование и наука на Република Косово ќе ги користи искуствата на Република Северна Македонија од имплементацијата на реформските процеси во образовниот систем, како и воведувањето на дигитализацијата во образованието. Меѓусебната соработка, размена на искуства и поддршка во процесите за унапредување на образованието беше договорена денеска на состанокот што се одржа во Скопје, помеѓу претставници од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и од Министерството за образование на Република Косово.

Претставниците од двете министерства, на состанокот ги разгледаа можностите за соработка во повеќе сегменти на образованието, а посебно беа заинтересирани за искуствата и начинот на кој се имплементира дигитализацијата во образованието. На состанокот беше истакнато дека соработката и добрососедските односи се на највисоко ниво, но и дека Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е подготвено својот капацитет да го стави во техничка и стручна помош и поддршка на колегите од Косово во насока на подобрување, осовременување и создавање на поквалитетно образование.

 

Северна Македонија и Косово се соседи кои покажуваат интерес за меѓусебна поддршка и за обезбедување на повеќе и подобри образовни и научни можности за граѓаните. Тоа е добра основа за напредок и на нашите општества и воопшто на регионот, затоа што, во суштина иднината на регионот најмногу зависи од меѓусебната соработка.

 

 

 

Работниот состанок што се одржа денеска е континуитет на неодамнешната средба на министерките за образование и наука на Република Северна Македонија Мила Царовска и Република Косово Арберија Нагавци, на која беше договорено зајакнување на соработката и меѓусебна поддршка во процесите на осовременување и унапредување на образованието.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...