spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииАфера “криминални парцели“

Афера “криминални парцели“

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

 

Христијан Мицкоски треба да собере храброст да одговори пред граѓаните точно и директно: каква е неговата поврзаност со скандалот „криминални парцели“?

 

На површина, во јавноста излегуваат нови докази околу овој скандал и сите водат до Белиот дворец, до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу Мицкоски.

 

Телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор, на крајно сомнителен начин продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево.

 

Договор е вреден неверојатни 500.000 евра.

 

Но, замислете, парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како дар ги добил само неколку недели пред да ги продаде.

 

Зошто некој би дал подарок земја од 40.000 метри квадратни?

 

Еве ги договорите кои отвораат сомнежи. На Илиевски во период од десеттина денови му се подаруваат парцели земјиште со вкупна површина од близу 40.000 метри квадратни.

 

Сите парцели Илиевски потоа ги има продадено.

 

Овие шеми се случуваат пред почеток на изборната кампања, за што предистрага има отоврено и надлежна институција.

 

Сите факти од документите кои што се веќе објавени во јавноста и лесно достапни покажуваат инволвираност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

 

Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?

 

Затоа ли брзаше Мицкоски да ја турне Владата, за да се спаси од овој скандал?

 

За аферата „криминални парцели“, потребна е брза, ефикасна истрага на надлежните институции која ќе ги даде сите одговори и детали и ќе лоцира одговорност.

 

 

Погледнете ??

 

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...