Вчера, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски во Министерството за внaтрешни работи оствари работна средба со заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Лианг Лео Зенг на кого овој месец му завршува работниот мандат.
Директорот Тасевски во оваа пригода му се заблагодари на заменик амбасадорот Лианг Лео Зенг за исклучителната соработка изминатиов период со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина и со неговиот колега кој ќе го замени на функцијата. На средбата, од страна на заменик амбасадорот Лианг Лео Зенг уште еднаш беа потврдени заложбите и поддршката од негова страна, како во формирањето на оперативни тимови за поддршка во сферите од интерес за министерството, но и за Република Северна Македонија, особено во делот на борбата со трговијата со дрога, криумчарењето на мигранти и борбата со тероризмот.