spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЌе се донесе најдобрата одлука за сите граѓани, земјата треба да продолжи...

Ќе се донесе најдобрата одлука за сите граѓани, земјата треба да продолжи кон европската иднина

Премиерот Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива и пратеник, Африм Гаши вчера имаа средба во Клуб на пратеници.

На средбата беше потврдена определбата на земјата да продолжи кон европската иднина, сé со цел исполнување на стратешката цел – почеток на преговорите со ЕУ.

Премиерот Заев изрази благодарност до претседателот на Алтернатива, Гаши и секретарот на партијата Сали што прифатија да дојдат на средба во која се разговараше за евентуална соработка во идна Влада, со што се испраќа порака дека ја осигуруваме европската иднина на земјата.

„Република Северна Македонија е исправена пред еден многу важен момент, а тоа е очекувањата во декември, впрочем долгогодишното ветување од ЕУ, а тоа е да ја усвоиме преговарачката рамка на Советот за Општи работи и да ја закажеме првата меѓувладина конференција, односно да го добиеме толку долго очекуваниот датум за преговори. Тоа е нешто кое што треба да биде одговорност на сите во државата”, рече премиерот Заев и додаде дека темите за кои се разговараше се програмски и водат грижа еднакво за сите граѓани.

„Мене ми е драго што можна идна соработка ќе биде дефинирано токму на програмски принципи кои што се однесуваат пред сé на граѓаните. Зборувам и за програмско политичките определби и за кадровските определби во делот на споделување на одговорноста во евентуално нова Влада заедно со Алтернатива. Но допрва претстојат процеси пред нас за кои што треба да разговараме.“

Претседателот на Алтернатива и пратеник Африм Гаши истакна дека е отворена дискусијата за начините на кои може да се соработува имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата и дека во таа насока ќе се донесе најдобрата одлука за сите граѓани.

„Зборувавме за концептот како да се излезе од оваа криза и кој е политичкиот контекст на земјата во однос на процесот на евроинтеграции и дали може Алтернатива да помогне во овој процес. Дискутиравме за супстенцијални прашања за државата. Доколку евентуално, хипотетички, дискутираме за можноста за да порасне актуелното мнозинство ние сакаме да знаеме која е улогата на Алтернатива. Ние нема да влеземе со сила никогаш во ниту една Влада ако не е можно да се остварат општите интереси на државата, на сите  граѓани”, рече Гаши.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...