spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗемјата е исправена кон европската иднина, стратешка цел е почеток на преговорите...

Земјата е исправена кон европската иднина, стратешка цел е почеток на преговорите со ЕУ

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Зоран Заев, после денешната средба со претседателот на политичката партија Алтернатива и пратеник Африм Гаши:

„Прво сме благодарни што политичката партија Алтернатива, претседателот Африм Гаши и секретарот на партијата Беким Сали прифатија да дојдат на една ваква средба за да разговараме за евентуална соработка во идна Влада во којашто постојните коалициони партнери ги каниме тие да се приклучат на Владата.

Првата порака која ја испративме денес до нив е дека Република Северна Македонија е исправена пред еден многу важен момент, а тоа е очекувањата во декември, впрочем долгогодишното ветување од ЕУ, а тоа е да ја усвоиме преговарачката рамка на Советот за Општи работи и да ја закажеме првата меѓувладина конференција, односно да го добиеме толку долго очекуваниот датум за преговори.

Тоа е нешто коешто треба да биде одговорност на сите во државата затоа што не би сакале како Република Северна Македонија да оставиме изговор пред ЕУ дека еве нестабилна е Владата, не се знае кое е парламентарното мнозинство во услови кога се носат големите одлуки. Тоа беше првата порака и причина која ја испративме до Алтернатива да го помогне ваквиот процес за да може да ја осигураме европската иднина на Северна Македонија.

Истовремено разговаравме за многу важни работи за кои треба да се вратиме назад во своите сопствени партии, низ органите и телата на партиите и во СДСМ и во Алтернатива, а богами и во партнерите на постоечката Влада, да се поразговара за одредени важни прашања.

Темите кои денес се отворени се пред сѐ програмски, затоа што важни се одредени програмски аспирации на Алтернатива коишто водат грижа еднакво за сите граѓани. Мене ми е драго што можна идна соработка ќе биде дефинирана токму на програмски принципи коишто се однесуваат пред сѐ на граѓаните. Се работи за проблематика околу извршителите, околу недоволно развиени региони, се работи за социјални аспекти на ранливи категории на граѓани и драго ми е што се работи еднакво за сите граѓани. Сите овие работи треба да ги разгледаме, редефинираме, во делот на програма на Влада и нормално да бидат вградени во програма на Владата.

Вториот дел за кој разговаравме е амбициозниот осврт на Алтернатива затоа што беше соопштено, како што ќе каже и Гаши, дека кај нив постои логична поделеност дали се за влез во Владата или не. Логично е и за мене тоа, заради тоа што пред само недела дена беа во офанзива или определба да се собори оваа Влада, но дефинитивно одговорноста пред државата ги исправува да бидат отворени дебатите во органите и телата на Алтернатива за идното нивно вклучување или опстојување како опозиција.

Од тој аспект СДСМ, а и сите други наши партнери ќе треба да ги разгледаме тие важни аспекти за кои денеска разговаравме. За деталите од аспектите, доколку продолжат преговорите, ние ќе споделиме сѐ со јавноста. Но, се очекува од нив не само СДСМ да прави отстапки туку да прават сите партнери и тоа не мислам само на ДУИ, да и на ДУИ, но и на сите други партнери. Одлуката на крајот може да биде да влезат, може да биде да не влезат, тоа ми е соопштено денес, затоа што е логично да разговараат и со своите досегашни партнери, односно тоа е Зијадин Села (АА) и Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), но одлуките се носат како во СДСМ, така и во Алтернатива и во другите партии на органите и телата на партиите.

Подготвени сме да ги адресираме сите овие прашања и секако ќе очекуваме од партнерите да ги адресираат сите овие прашања. Зборувам и за програмско политичките определби и за кадровските определби во делот на споделување на одговорноста во евентуално нова Влада заедно со Алтернатива. Но, допрва претстојат процеси пред нас за коишто треба да разговараме.

Се отворија по неколку проблематики за коишто останува за време на викендот, почетокот на следната недела да размислиме и ние, да размислат и Алтернатива. Ќе имаме дискусии кај нас во СДСМ, но јас ќе разговарам и со партнерите за сите овие позиции на Алтернатива, сѐ со конечна цел да рефлектира нашата покана. Нашата покана е со конечна цел Алтернатива да биде составен дел на Владата, пред сѐ заради тоа што мислиме дека треба да го држиме и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Таргетот пред нас е редовни избори, не предвремени избори. Верувам и Алтернатива и СДСМ и другите партии може да одат на избори и никој не може да каже кој ќе победи на тие избори, но дефинитивно за граѓаните, за економијата чесно е да оставиме 2,5 години отворен период да се сработи нешто коешто исклучиво ќе носи интерес на сите граѓани.

Продолжуваат разговори следната седмица, на самите разговори како што ќе утврдиме дали одиме понатаму или дали ќе прекинат разговорите, ние така и ќе информираме.

Убеден сум дека конечно долгот на ЕУ кон целиот наш народ во Северна Македонија ќе биде испорачан, затоа што тоа е обврска на ЕУ, затоа што е политика на ЕУ, а секако е стратешка цел на сите граѓани на Република Северна Македонија.“

 

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...