Денеска, петок (19.11) во касарната ,,Илинден,, во Скопје заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани заедно со претставници од Амбасадата на Француската Република во земјава присуствуваше на завршната обука „Принудно отворање со употреба на експлозив“ за потребите на Министерството за внатрешни работи. Изминатава недела во организација на Амбасадата на Француската Република во Република Северна Македонија од страна на француски експерти беа спроведени две обуки и тоа во касарната „Илинден“ и Центарот за полициска обука „Идризово“, наменети за потребите на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ и Секторот за внатрешни работи – Скопје.
,,Особено ми е чест што можам да присуствувам на затворањето на обуката „Принудно отворање со употреба на експлозив“ наменета за потребите на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“, што овозможува припадниците на единицата да се стекнат со потребниот сертификат за способност за употреба на експлозив, способност за пресметки за полнење, техники за поставување и превентивни мерки за избегнување на каква било штета и човечки повреди и истовремено ќе придонесе за зајакнување на вештините на единицата во оваа област, што е од голема важност бидејќи во иднина може да бидат спасени многу недолжни животи,, – рече во своето поздравно обраќање заменик директорот на БЈБ Асани.
Заменик директорот Асани во оваа пригода упати благодарност до француските експерти и Амбасадата на Француската Република во земјава за вложените напори за спроведување на двете обуки изминатата недела, истакнувајќи дека преку овие активности ја промовираме нашата интензивна заедничка соработка и пренесуваме јасна порака за нашата недвосмислена заложба за одржување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.