spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Се одржа регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион

Неготино: Се одржа регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион

На саемот организиран од Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на Вардарски плански регион и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ учество зедоа 4 организации, градски здруженија и невладини организации од Општина Неготино и тоа Еко Вита,Здружение на слепи лица ,Стари Занаети  и ООУ Страшо Пинџур со иновација на ученици-иноватори и професорки носители на проект иновација.


На саемот учесниците и посетителите имаа  можност да погледнат презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од Вардарскиот регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност.

На саемот беа презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка. Како заедничка цел на одржаниот саем во присуство на претставникот Барбара Садовска-тим лидерка на проектот беше потврдена понатамошната подршка, соработка и координација помеѓу локалната самоуправа, институциите и здруженијата,организации и невладини организации низ практики и работа на општинско ниво со взаемна соработка.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Неготино

Прочитајте