Јас лично и лидерите на партиите коишто влегоа во операцијата за изгласување на недоверба на Владата, бевме водени од идејата во моментот кога видовме дека актуелната Влада направи многу проблеми кои само ќе се продлабочуваат, а нема капацитет за да ги реши. Ние како државотворна партија сакавме да влеземе во костец со проблемите и да помогнеме. Никој од нас, во ниту еден момент не размислуваше за грабање на власта, тоа не нè интересираше. Но, тие се одлучија да изведат дивјачки чин. Иако господинот Кастриот Реџепи презентираше една вистина, тој и самиот знае дека тоа што го вели не е точно. Се гледа од неговите фацијални експресии дека тоа што го говори не е ниту приближно до вистината. Но тоа е сега зад нас, потенцираше Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот „Плусинфо“.
Во однос на изборниот резултат од локалните избори Мицкоски вели дека за прв пат опозициска партија направила толку добар резултат, нагласувајќи дека во моментот градоначалниците започнале да го реализираат она кое што го ветиле во изборната кампања, како и дека тој постојано оди на секое место бидејќи како што рече во кампањата го барал гласот на народот со ветувањата кои што ги давале градоначалниците.
Новото опозициско делување што го најавивме е новитет во политичката историја на Македонија. За првпат една опозициска партија направи толку добар резултат на локалните избори. Имаме 42 градоначалници, а ја поддржавме и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во моментов се реализира тоа што е ветено на изборите. Затоа и јас постојано одам од место во место, бидејќи во кампањата го барав гласот на народот со ветувањата што ги даваа градоначалниците. Околу две третини од жителите во земјава живеат во општините во кои на власт се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Ние тука можеме да покажеме дека кога ќе ја добиеме централна власт, какви ќе биде нашите приоритет, а тоа секако дека ќе биде исполнување на ветеното. Мотивиран од тоа, јас сега одам да го проверам што е исполнето од ветувањата во сите општини каде што победивме, нагласи тој.
Извор: ВМРО ДПМНЕ