spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Работна средба на градоначалниците на Илинден и Арачиново

Илинден: Работна средба на градоначалниците на Илинден и Арачиново

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими.

Средбата беше искористена за размена на искуства во повеќе области, во насока на подобрување на локалниот економски развој на двете општини. Посебен акцент беше ставен на отворените одводни канали чие одржување е еден од приоритетите на двете општини со оглед на високото ниво на подземните води на ова подрачје.

Градочалниците на двете општини изразија задоволство од досегашната соработка и нагласија дека и во иднина ќе ги унапредуваат добрите односи.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...