Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес во својот кабинет оствари средба со претставниците од КУД “Китка” од Драчево.
Овој ансамбл кој опстојува со децении е едно од заштитните обележја на општина Кисела Вода. Оттука, и неговото значење за нас е големо, потенцираше при средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека преку поддршката на фолклорните друштва, преку овозможувањето на подобри услови за нивното опстојување и функционирање, локалната самоуправа дава свој удел во афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција.
Раководството на “Китка” на градоначалникот му ја презентираше својата планирана програма. Со него дискутираа за потребите на друштвото и за можностите кои Општина Кисела Вода може да ги понуди со цел да се подобрат условите за работа, но и за “Китка” да продолжи да биде активен чинител во креирањето на културно уметничкиот живот во овој дел на Скопје.
-Како Културно Уметничко Друштво кое е создадено и функционира во Драчево, во општина Кисела Вода, кое оставило таков белег во светски рамки, “Китка” секогаш може да смета на поддршката од оваа локална самоуправа. А негова задача ќе биде и понатаму да не’ претставува во најдобро светло ширум светот, потенцираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на крајот на средбата.
Извор: Општина Кисела Вода