spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиНашите барања и забелешки за новите мерки доставени до Министерството за здравство

Нашите барања и забелешки за новите мерки доставени до Министерството за здравство

Претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски на Министерот за здравство Венко Филипче му укажаа дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации,а не преку присилни мерки кои ќе бидат на штета на работниците, а ќе создадат и дополнителен сомнеж и спротивен ефект од тој што се сака да се постигне.

 

ССМ и Синдикатите во изминатиот период активно работеа на подигнување на свеста кај членството и работниците за важноста на процесот на имунизација се со цел побрзо завршување на оваа здравствена криза.

Работниците не смее да бидат принудувани ниту да плаќаат од сопствени средства за ПЦР тестирање ниту присилно да се вакцинираат спротивно на својата волја и убедување.

Презентирани се предлозите на синдикатите кои се во насока тоа:

товарот за потребата од ПЦР тестови за работниците кои ќе изберат да не се вакцинираат во никој случај да не биде на сметка на работниците туку тоа да биде на сметка на работодавачите, а другите два предлога се:
платени слободни два дена за вакцинација на работниците ( нешто што и работниците и синдикатите го бараат од самиот почеток на процесот на имунизација) и
мерката за приложување на сертификат за примена една доза вакцина против ковид -19 да важи после 15 дена од донесување со цел да се остави простор работниците кои самостојно ќе решат да се вакцинираат во наредниот период да имаат подолг временски период за да го сторат тоа.

Заштитата на сите работниците е приоритет на ССМ, ако се има во предвид дека во синдикатите има голем дел на работници кои веќе се имунизирани, како и работници кои избрале да не се имунизираат и вакцинираат.

Сметаме дека работниците треба самостојно да изберат на кој начин ќе придонесат за зачувување на нивното здравје, здравјето на нивните најблиски и здравјето на нивните колеги.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...