Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21), Градоначалникот на Општина Богданци објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансирање на спортските активности од Буџетот на
Општина Богданци за 2022 година
Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.
Спортски здруженија и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;
Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
-Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2022 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2021 година (до денот на поднесување на пријавата).
Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 06.12.2021 година (понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2022 година“.
Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите со донесување на годишната Програма за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2022 година.
Извор: Општина Богданци