spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКој ќе ги обештети земјоделците кои аплицирале на поништен конкурс?

Кој ќе ги обештети земјоделците кои аплицирале на поништен конкурс?

На ден 4 август 2021, а по претходна согласност од страна на Владата на Република Македонија, МЗШВ распишува Јавен повик 03/21 за доделување под концесија на земјоделско земјиште до 3 хектари.

На 6-ти септември оваа година, комисијата при МЗШВ донесува Решение за прекинување на постапката и поништување на Јавниот повик 03/21, со образложение дека времето кога е распишан Јавниот повик се коси со Законот за избори, бидејќи веќе на 6-ти август Претседателот на Собранието ги распишува локалните избори.

Левица како партија на работниците и земјоделците, јавно ги поставува овие прашања до одговорните во МЗШВ :

1. Зошто е распишан Јавниот повик на 4-ти август, кога јасно се знаеше дека по Закон следуваат локалните избори и дека тие ќе бидат распишани?

2. Зошто кога веќе се распишаа локалните избори на 6-ти август, комисијата чекала дури до 6-ти септември за да донесе решение за прекинување на Јавниот повик?

3. Зошто комисијата и МЗШВ дозволиле 30 дена на земјоделците да аплицираат и прават трошоци за елаборати и други документи, кога знаеле дека Јавниот повик е незаконски распишан?

4. Зошто Решението од комисијата кое е донесено на 6-ти септември, е објавено на страната на МЗШВ дури на 18 ноември?

5. Дали МЗШВ ќе изнајде начин да ги обесштети апликантите?

За крај, до кога нестручни партиски кадри ќе се вработуваат во институциите за да предизвикуваат штета по земјоделците и работниците и дали некој ќе превземе одговорност?

 

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте