Министерот за правда Бојан Маричиќ кој е во дводневната посета на Црна Гора, се сретна со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а тема на разговорите беа реформите и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Двете земји имаат навистина блиски пријателски односи, но потребно е да се интензивира соработката пред се во размената на искуствата на двете земји во областа правосудство и владеење на правото.
-Ние со Црна Гора има навистина одлична соработка, искрено пријателство, нема отворени прашања и единствено што ни останува е да се интензивира соработката и да земаме како држава искуства во процесот на преговори со Унијата, кажа Маричиќ на средбата.
Министерот за правда за време на посетата на Подгорица ќе се сретне и со својот црногорски колега Секуловиќ и со државите секретари на Министерството, а ќе се обрати и на панелот “ЕУ Интеграциони политики во Западен Балкан – Како да се одржува агендата за ЕУ интеграција?”.
Извор: Министерство за правда