Завршена е конзервацијата на старата турска бања – амамот во Стар Дојран. Истата е ставена во функција за посета, како нова туристичка атракција за посетителите и локалното население.
Целиот проект се реализираше со средства обезбедени од ИПА прегуранична соработка со Р.Бугарија, проект кој беше во пакет со реконструкција на “Саат кулата” и пристапните патеки до истите.
Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини е еден од врвните приоритети на општина Дојран заради зголемување на атрактивноста и опсегот на една туристичка сезона.
Извор: Општина Дојран