Заедно со членовите на здружението на лица со телесен инвалидитет од Гевгелија,Богданци и Дојран -Мобилност Гевгелија имавме конструктивен разговор.
Ги мапиравме проблемите кои без поголеми финансиски издатоци ќе го направат Дојран поунклузивен и погостопримлив за оваа категорија граѓани.
Договорена е долгорочна соработка и потпишување на меморандум со што денешните предлози ќе станат реалност во блиска иднина.
Обележување на паркинг места за лица со попреченост, обезбедување на јавен тоалет за лица со инвалидитет, како и поголемо внимание на пристапноста до и во објектите од јавен и приватен карактер беа посочени како приоритетни активности кои во блиска иднина ќе се реализираат.
Грижата за сите е наша обврска!
Избор: Општина Дојран