spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Атмосферска канализација на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“

Кочани: Атмосферска канализација на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“

Продолжуваат градежните активности на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. Во завршна фаза е поставувањето на атмосферска и фекална канализација, водоводна како и друга подземна инсталација.

Службите од КЈП „Водовод“ известуваат дека веќе е поставена атмосферска мрежа во должина од 270 м, од Стришани до Двојниот мост, а наредниот период ќе се работи на ископ и поврзување. На овој потег ќе се постават 16 шахти и шест собирни решетки.

По завршувањето на комуналната инфраструктура, ќе следува дооформување на оваа сообраќајница и нејзино асфалтирање. Се очекува, булеварското решение на „Стево Теодосиевски“ значително да го подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје на Кочани.

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...